Утрински Весник
Магазин

Тиквичките се идеални за диета

Tikvice Blog 1.jpg

Тиквичките, како и краставицата, се храна која го одбележува летото, иако во супермаркетите може да се најдат во текот на целата година.

Енергетската вредност на овој зеленчук е 16 килокалории на 100 грама. Тие содржат 3,4 отсто јаглехидрати, 1,2 отсто протеини и 0,2 отсто масти. Во помали количини содржат минерали: магнезиум, фосфор, бакар, железо, цинк, калциум. Тие се одличен извор на витамин Ц, а во помали количини содржат витамини од Бе комплексот – тиамин, рибофлавин, ниацин, пантотенска киселина, фолна киселина, пиридоксин, како и витамин Ка.

Исто како и краставицата, тиквичката е идеална за различни диети за слабеење бидејќи содржи влакна и вода. Поради високата содржина на диетални влакна, тие се погодни и за диети за покачен холестерол и триглицериди.

Овој зеленчук е одличен и за здрави и за болни луѓе. Дијабетичарите треба што почесто да ги имаат на своето мени, бидејќи од една страна речиси и да немаат јаглехидрати, а од друга страна ја намалуваат ресорпцијата на гликозата. Се препорачуваат и за бремени жени кои имаат гестациски дијабетес. Кај луѓето кои имаат проблеми со хипертензија, калциумот и магнезиумот од тиквичките делуваат на намалување на крвниот притисок. Дејствувајќи на регулација на мастите и шеќерот, овој зеленчук делува превентивно при појава на атеросклероза, инфаркт и мозочен удар. Фитонутриентите во тиквичките имаат антиканцерогено дејство, бидејќи ја спречуваат клеточната мутација.

Кога го купувате овој зеленчук, треба да ги земате оние кои имаат сјајна кора без оштетување. Кожата не смее да биде премногу тврда, бидејќи тогаш тиквичката е презрела. Тиквичките може да се чуваат во фрижидер, неизмиени, во пластична кеса до седум дена. Тие исто така можат да се замрзнат, но нивната структура ќе биде многу помека по одмрзнувањето. Пред замрзнување, исечените тиквички треба да се бланшираат во врела вода околу две минути.

Тиквичките може да се варат, да се пржат на скара, да се варат на пареа, да се рендаат во супи и чорби, да се полнети со месо или друг зеленчук или житарки. Постојат и помалку здрави начини за подготовка на овој зеленчук – како пржењеи печење, а во текот на летото често може да се најдат на скара.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста