Утрински Весник
Свет

ТикTок доби 24 часа да го процени ризикот од зависност на новата апликација

Tiktok.webp.webp

Европската комисија денеска објави дека му дала на ТикТок 24 часа да ја претстави проценката на ризикот за својата нова апликација ТикТок Лајт.

„ТикТок мора да обезбеди проценка на ризикот за ТикТок Лајт во рок од 24 часа и да обезбеди други барани информации до 26 април 2024 година, по што Комисијата ќе го анализира одговорот на ТикТок и потоа ќе ги процени понатамошните чекори“, се вели во соопштението на ЕК.

Комисијата е најзаинтересирана за ефектите на новата апликација врз менталното здравје на корисниците, бидејќи може да создаде зависност, пренесува Ројтерс.

Европските власти, исто така, сакаат да знаат што прави ТикТок за да ги заштити малолетниците од потенцијално штетната содржина на апликацијата ТикТок Лајт.

Апликацијата ТикТок Лајт, која е наменета за корисници постари од 18 години, започна во Франција и Шпанија овој месец.

Можете да прочитате

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70