Утрински Весник
Македонија

ТХП: Посебна изборна единица за помалкубројните етнички заедници

Thp logo 2 rgb m.png

Соопштение за јавност на ТХП:

Во јавноста и политичките чинители во последните денови повторно се актуелизира прашањето околу “Една Изборна Единица”. Како Партијата за движење на Турците (ТХП) пред кратко време изразивме подготвеност да учествуваме во дебатите за промена во изборниот модел и ја поддржавме иницијативата за отворање на широк дијалог околу измени на Изборниот законик.


 Веќе долди години како ТХП бараме промена на изборен модел односно модел којшто ќе овозможи правично и фер претставување на помалкубројните етнички заедници во Собранието на Република Северна Македонија.

Така што официјалниот став на Партија за движење на Турците (ТХП) е да има посебна изборна единица за учество на избори на партиите на помалкубројните етнички заедници. Во таа посебна изборна единица партиите на помалкубројните етнички заедници ќе се натпреваруваат меѓусебно. Со оваа посебна изборна единица при парламентарни избори во државава на која ќе биде овозможено да гласа гласачи од помалкубројните етнички заедници. Од оваа изборна единица ќе се избираат пратеници само тие што ќе го поминат прагот, односно под услов да биде освоен одреден минимум број на гласови.

Сметаме дека со ваквиот изборен модел не само граѓаните од турската етничка заедница, туку сите помалкубројни етнички заедници ќе имаат зголемени шанси за парламентарно претставување, кое е особено важно за негување на мултикултурниот карактер на Република Северна Македонија.

Можете да прочитате

„Луке, собери си ги кучињата!“ – Арсовска во жесток судир со советниците на Град Скопје

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија одбележува 80 години од озаконувањето на македонскиот правопис

Гевгелија – домаќин на Друштвото на новосадски книжевници со промоција на меѓународната антологија „Нов духовен мост“