Утрински Весник
Македонија

ТХП: Без правичност за помалубројните заедници, нема вистинска изборна реформа

Thp logo 2 rgb m.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение за јавност на Партија за движење на Турците:

Во врска со изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дадена на собраниска седница, Партијата за движење на Турците (ТХП) ја изразува својата подготвеност да учествува во дебата за промени во изборниот модел и ја поддржува иницијативата за отворање на широк дијалог околу измени на Изборниот законик.


Сепак, останува отворено прашањето дали премиерот има јасна визија и план за тоа како ќе се обезбеди правичен и инклузивен изборен модел кој ќе овозможи реална и фер претставеност на помалубројните заедници во Собранието. Дали целта е навистина демократизација и еднаквост во изборниот процес, или пак повторно ќе се сведеме на модел во кој со 400–500 гласови ќе се избираат пратеници од дијаспората, додека гласот на помалубројните заедници останува занемарен?

Апелираме во овие клучни дебати, кои го засегаат темелот на демократското уредување на државата, да се отвори сериозен простор и за немнозинските заедници. Потребна е сеопфатна, инклузивна и транспарентна реформа, која ќе ја гарантира рамноправноста на сите граѓани – без разлика на бројноста на заедницата од која доаѓаат.

ТХП ќе продолжи активно да се залага за изборен систем кој ќе ја одразува реалната мултиетничка структура на државата и ќе гарантира глас и претставеност на сите заедници во духот на вистинската демократија.

Можете да прочитате

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите