Утрински Весник
Спорт

ТФТ ја доби „мајсторката“ со Еуро Никел

ТФТ ја доби „мајсторката“ со Еуро Никел

Кошаркарите на ТФТ се пласираа во полуфиналето од плеј-офот во Првата лига откако ја добија мајсторката на домашен терен против Еуро Никел со 73:59. Во полуфиналната серија ТФТ за противник го очекува подобриот од серијата меѓу Пелистер и Феникс во која исто така се игра мајсторка, а решавачкиот меч е закажан за утре.

dobivaj vesti na viber

Гостите имаат предност (8:14) по првиот период, а на полувреме заминаа со три поени позитива (26:29).

По третата четвртина ТФТ стигна до минимално водство (51:49), а на крајот сепак избраниците на Боро Смилковски стигнаа до сигурен триумф.

Александар Костососки постигна 26 поени за тимот на ТФТ, а најефикасен на мечот беше гостинскиот кошаркар Планиниќ.

Можете да прочитате

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028

Шок и тага во Шпанија: Фудбалер на Тенерифе почина по драмата на теренот