Утрински Весник
Спорт

Тевез: Зошто заминав во Кина? Требаше да вдомам и нахранам 60 луѓе

Тевез: Зошто заминав во Кина? Требаше да вдомам и нахранам 60 луѓе

Карлос Тевез добро ги разбира фудбалерите кои решија кариерите да ги продолжат во Саудиска Арабија. Јасно е дека тие не можеа да им одолеат на финасиските понуди. Тевез откри дека и самиот постапил исто во минатотот, дека ги одбрал парите пред фудбалот.

dobivaj vesti na viber

Фудбалскиот во 2016 година беше шокиран кога Тевез објави дека кариерата ќе ја продолжи во Шангај Шенхуа.

„Многу луѓе ме критикуваа што одам во Кина. Но, тие навистина не ја знаат мојата приказна. Дп таа фаза од мојата кариера веќе имав заработено многу пари“, започна Аргентинецот.

„Но знаеш што направив? Му кажав на мојот агент дека не ми требаат пари, туку само сакав да купам 15 куќи и да го извлечам моето семејство од Фуерте Апаче.

Поранешниот играч на Јувентус, Јунајтед и Сити проговори за своето пошироко семејство.

„Никој не знае, но се трудам да издржувам 15 семејства, меѓу кои и моите браќа, чичковци и така натаму. И ако почнете да броите, тоа се околу 60 луѓе. Сè што направив е да се погрижам новата генерација Тевез да има подобар живот, да има добро образование и да не го поминат она што морав јас да го помина“.

Аргентинецот играше за тимот на Шангај Шенхуа во Кина, каде што остана една година и заработуваше неверојатни 700.000 евра неделно.

Во претходните разговори Тевез зборуваше за своето детство во споменатата населба.

„Образованиете го стекнав на улица, а не во училиште. Многу од она што го научив и го должам на населбата Фуерте Апачи.

– Немавме храна, но секој ќе ти понудеше од она што го има. Јадевме домати и леб. Иако завршив во фудбалската елита, тоа не го заборавив“.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига