
На 02.11.2025 во 01:30 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Ј.С.(47) од Тетово. Претходно, тој со неговото патничко моторно возило „форд“ со тетовски регистарски таблички учествувал во сообраќајна незгода со возио „ауди“ со хрватски национални ознаки во која е причинета само материјална штета.
При преземање мерки во врска со незгодата полициските службеници констатирале дека Ј.С. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,94 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.



