Утрински Весник
Македонија

Тетовец уплатил 1.350 евра за да купи багер, ама го измамиле

Polici a.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

МВР информира дека вчера во 12 часот во СВР Тетово, 28–годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 1.350 евра.

Според пријавеното, на 25.05.2024 на социјална мрежа тој се договорил со лицето да купи работна машина – багер од него, по што на 10. и 11. овој месец ги уплатил парите.

Како што е пријавено, пред да го пријави настанот, се слушнал со лицето кое му кажало дека машината е на царинска испостава во Тетово, а откако отишол таму бил известен дека таков предмет нема, по што лицето веќе не било достапно и сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

ДЗС апелира до угостителите да внимаваат на максимален број гости и функционални излези за безбедни прослави

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

ЗНМ: Партиите да не се препукуваат преку грбот на новинарите