Шеесет и двегодишниот тетовец Ф. И. вчера пријавил дека околу 10.30 часот, на улицата 29 Ноември во Тетово, физички бил нападнат од М. Ѓ. (59), исто така од Тетово, а поради недоразбирања за паркирање на своите возила.
Се расчистува и документира случајот, велат од МВР.