Утрински Весник
Македонија

Тетовци изнудиле 18.630 евра од сограѓанин за да не објават компромитирачки материјал

Тетовци изнудиле 18.630 евра од сограѓанин за да не објават компромитирачки материјал

На 06.02.2023 во 19.50 часот во тетовска Мала Речица, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција – Одделение за економски криминал при СВР Тетово ги лишиле од слобода З.Д.(33) од с. Голема Речица, Тетовско и Ј.А.(60) од с. Пирок, Тетовско.

dobivaj vesti na viber

По преземени мерки било утврдено дека од средината на јануари 2023, З.Д. во неколку наврати изнудил вкупно 18.630 евра од лице од Тетово, уценувајќи го дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина.

Според пријавеното, З.Д. во неколку наврати го организирал примопредавањето на парите преку Ј.А., такси возач. Имено, тој му се јавувал на оштетениот и му кажувал да ги предаде парите на Ј.А., кој подоцна му ги доставувал нему.

Истото било направено и во текот на вчерашниот ден, при што биле затекнати од полициски службеници при примопредавање на парите.

З.Д. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

(Видео) Нов гаф на Давкова: Марко Рубио го помеша со Џи Деј Венс и го нарече Диџеј Венс

Хашка декларација: Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат пет отсто од БДП за одбраната до 2035 година 

Директорот на БЈБ Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа