Утрински Весник
Македонија

Тетовчанец креирал лажни профили од малолетничка: И’ барал сексуални услуги за да ги избрише профилите 

Whatsapp.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Приведен е И.С.(29) од селото Церово поради полово вознемирување и злоупотреба на лични податоци.

Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјални мрежи креирал неколку профили на нејзино име на кои поставил слики од малолетничката, кои без нејзина дозвола ги одзел од нејзиниот профил од една социјална мрежа, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку сака да бидат избришани профилите.

И.С. е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Можете да прочитате

Полициски претреси на повеќе локации: Бујар Дардишта предмет на истрага

Советот на јавни обвинители ќе назначи ВД Јавен обвинител

Зајкова за новиот Кривичен законик: Се враќаме во времето на Маневски