Утрински Весник
Македонија

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи

Evra.jpg

67-годишник од тетовско село вчера пријавил дека бил измамен за сума од 3000 евра од женско лице. Лицето се претставило дека е од Бугарија, а со неа контактирал на социјални мрежи.

Според пријавеното, на 20.12.2025 таа го известила дека сака да купи стан во Тетово, а неколку часа подоцна му се јавила и му кажала дека на граничен прамин и заплениле 10.000 евра. Како што е пријавено, подоцна му се јавило лице кое се претставило како командир на граничен премин и го известило дека таа треба да плати казна од 3.000 евра за да ѝ ги вратат парите.

Според информациите откако ги уплатил парите преку брз трансфер на три различни агенции, како што му било кажано, не можел да ги добие на телефон, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Вечерва во 02.32, минута молк пред „Пулс“

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Захариев: Штипската болница во првите шест часа прими околу 120 до 130 повредени од пожарот во Кочани