Утрински Весник
Економија

Тестенините поевтинуваат за 15, а млечните производи за 10 отсто

Тестенините поевтинуваат за 15, а млечните производи за 10 отсто

За 15 проценти се намалува цената на тестенините, а за 10 цената на млечните производи, објави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата.

dobivaj vesti na viber

„Се замрзнува односно намалува цената на тестенините за 15 проценти на цената која се применува во трговијата на 1 март, односно во просек за околу 8 до 9 денари. Се работи за макарони и шпагети“, рече Ковачевски.

За овие продукти се укинуваат и царинските давачки за увоз за период од 13 март до 31 мај.

Млечните производи се намалуваат од 17 март, а како што објави премиерот, тука станува збор за трајното кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и3,5 проценти, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кравји кашкавал со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан, кисело млеко, павлка и јогурт без додатоци.

Највисоките цени се намалуваат за 10 проценти, а ова аодлука ќе важи до 31 мај.

Министерот за економија, Крешник Бектеши изјави дека за замрзнувањето на цените на шекерот, јајцата и оризот ќе се донесе дополнителна одлука.

Рече дека во делот на макароните направиле детална анализа, бидејќи немаме домашно производство на макарони и сите се увезуваат.

„Со постоечките царински давачки цената е околу 49,3 денари, но со замрзнувањето цената би изнесувала 41,8 денари за нив. Очекуваме и дополнително намалување поради маржите“, рече Бекреши.

Додаде дека ако нема намалувања ќе следат и нови мерки.

Ова не е закана, рече Бектеши и повика на солидарност од сите сопанственици за кризата да не биде на грбот на граѓаните.

Можете да прочитате

Итно зголемување на минималецот на 500 евра бара ССМ од пратениците

Проширување на услугите што ќе можат да се користат преку платежната сметка со основни функции – нова иницијатива на Народната банка

Трипуновски: Исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци