Утрински Весник
Свет

„Тесла“ ќе отпушти 600 вработени во Калифорнија

D181d0b5 D0b1d0b0d180d0b0 D0bfd0bed0b2d0bbd0b5d0bad183d0b2d0b0d19ad0b5 D0bdd0b0 158 000 D0b0d0b2d182d0bed0bcd0bed0b1d0b8d0bbd0b8 D0bdd0b0 63dd80dd43b85.jpeg

Производителот на електрични возила „Тесла“ најави отпуштање на уште околу 600 вработени во своите производствени капацитети и инженерски канцеларии во американската сојузна држава Калифорнија.

Си-Ен-Би-Си објави дека компанијата има проблем со намалувањето на побарувачката за електрични возила и зголемената конкуренција, поради што компанијата ќе започне со намалување на бројот на работни места.

Последниот бран отпуштања во американската компанија во калифорниските градови Фремонт и Пало Алто ќе ги елиминира позициите од најниските до највисоките, односно од обичните фабрички работници, развивачите на софтвер, инженерите за роботика и директорите, објави Си-Ен-Би-Си.

Извршниот директор Илон Маск им кажа на вработените во допис во април дека производителот на електрични возила ќе укине повеќе од 10 отсто од своите работни места ширум светот.

Компанијата претходно објави повеќе од 6.300 кратења на работни места низ Калифорнија, во Бафало, Њујорк и во Остин, Тексас.

На крајот на 2023 година, Тесла имаше 140.473 вработени. 

Можете да прочитате

Нетанјаху ја прекина посетата на САД

Турски градежен изведувач доби 62 доживотни казни затвор поради урнатите згради во земјотресот

Галант: Ќе продолжиме со силните удари врз Хезболах