
На 12.03.2026 околу 12:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.З.(46) од Куманово, удрило во пешакот Ж.М.(74) од с.Романовце, кумановско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово, објави 4news.mk
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.


