Европската фудбалска унија (УЕФА) го објави комплетниот распоред на натпреварите во Лигата на шампионите. Во новиот формат ќе се натпреваруваат 36 екипи, во лига систем, што значи дека во секое коло ќе се играат по 18 натпревари.
Првата фаза во Лигата на шампионите ќе започне на 17.септември, а ќе заврши на 29.јануари 2025 година.
Првите осум директно ќе изборат пласман во осминафиналето, екипите од деветото до 24.место ќе играат плај-оф за место меѓу најдобрите 16. Тимовите пласирани од 25. до 36.место ќе ја завршат сезона.
Македонија има четворица фудбалери во Лигата на шампионите: Ристовски и Адеми (Динамо Загреб), Елмас (Лајпциг) и Миовски (Џирона). Сите во првото коло ќе гостуваат со своите тимови.
Динамо во првото коло ќе гостува во Минхен, кај Баерн, Џирона ќе патува во Париз кај ПСЖ, а Лајпциг во Мадрид ќе се соочи со Атлетико.
Инаку во првото коло најмногу внимание ќе привлечат италијанско-англиските пресметки, во репреиза на финалето од пред две сезони Интер ќе гостува кај Манчестер сити, а Милан ќе го пречека Ливерпул.
Прво коло: Во првото коло, кое ќе се игра на 17./18. и 19. септември ќе играат Јанг Бојс – Астон Вила, Јувентус – ПСВ Ајндховен, Милан – Ливерпул, Баерн Минхен – Динамо Загреб, Реал Мадрид – Штутгарт, Спортинг Лисабон – Лил, Спарта Прага – Салцбург, Болоња – Шахтјор, Селтик – Слован, Бриж – Борусија Дортмунд, Манчестер сити – Интер, ПСЖ – Џирона, Феенорд – Баер Леверкузен, Црвена звезда – Бенфика, Монако – Барселона, Аталанта – Арсенал, Атлетико Мадрид – Лајпциг и Брест – Штурм.