Утрински Весник
Свет

Тешка сообраќајна несреќа во Британија: две девојки загинале, четворица патници тешко повредени

Тешка сообраќајна несреќа во Британија: две девојки загинале, четворица патници тешко повредени

Две девојчиња (13 и 16 години) загинале, а четворица патници тешко се повредени во верижен судар на два автомобила во Дисли, Чешир.

dobivaj vesti na viber

Како што пишува „Мирор“, возачот на автомобилот, Оксхал Корса (18), во кој се наоѓале девојките, поради повреди, е пренесен во болница и уапсен е поради насилно возење.

Несреќата се случила кога автомобилот во кој биле девојките се судрил со црвена „форд фиеста“, управувана од 20-годишна жена, која со полесни повреди била пренесена на лекување во болница.

Двајца други патници во „корсата“, за кои се вели дека се 21-годишна жена и 14-годишно момче, се пренесени во болница.

Се верува дека нивните повреди не се опасни за животот.

Можете да прочитате

Ако останете без гориво или струја на автопат во Германија, ве чека голема казна

Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп