Утрински Весник
Македонија

Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани

Image 2025 10 07 170742442.png

Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава на експресниот пат Штип – Кочани.

„Денеска (07.10.2025) во 09.18 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани, во близина на с.Горни Полог,  се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“ во кое се превезувале четири лица и патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки, во кое бил само возачот, информираат од МВР.


Од полицијата информираа дека сите пет лица се пренесени во болницата во Кочани.

Според информации на Телевизија Кочани, во едно од возилата се превезувале работници, од кои тројца се здобиле со полесени телесни повреди, додека еден од патниците поради сериозноста на повредите бил пратен на скопските клиники каде подоцна им подлегнал на повредите.

Можете да прочитате

Петровска: Време е СДСМ да ја врати моќта кај членството

Реакција на адвокатката на Дејан Јованов – Деко: Mојот лик е злоупотребен и фотошопиран

Полицајци нападнати во Кичево додека вршеле сообраќајна контрола