Утрински Весник
Македонија

Тешка сообраќајка во Тетово – повредени повеќе лица меѓу кои и две деца

Soobrakajka .jpg

На 30.12.2025 во 10:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат с.Желино-Тетово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв” со италијански национални ознаки, управувано од Љ.П.(44) од с.Голема Лешница, тетовско и патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Љ.(40) од с.Добарце, тетовско, по што било удрено во паркирано патничко возило „јагуар” со тетовски регистарски ознаки, паркирано од А.З.(31) од с.Требош, тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на  возилото „бмв” Љ.П., додека со телесни повреди неговиот сопатник Ј.Е.(20), како и возачот од патничкото возило „голф” и неговите сопатници Г.Ј.(41), Л.С.(43) и две деца на возраст од пет и шест години, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Можете да прочитате

ДЗР: Во Министерството за односи меѓу заедниците фалат 30 лап топи и илјадници евра за гориво

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не користи трагедии за добивање на политички поени

Николоски: Градежништвото е со двоцифрен раст