Утрински Весник
Македонија

Тешка сообраќајка во беровско: Се судрија две возила, има повредени

Soobrakajka 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Три лица се повредени во сообраќајка во беровско.

На 20.06.2024 во 15.50 часот во ОВР Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово – Струмица, атар на село Русиново, беровско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со пехчевски регистарски ознаки управувано од В.М.(57) село Робово, општина Босилово и патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки управувано од Ј.М.(63) од село Ратево, беровско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.М. и неговата сопатничка М.М.(24) од село Робово, а возачот Ј.М. се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип, соопштија од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата