Утрински Весник
Свет

Тешка сообраќајка кај Солун: се судрија камион и автомобил од Романија – загинаа родителите, децата во болница

Тешка сообраќајка кај Солун: се судрија камион и автомобил од Романија – загинаа родителите, децата во болница

Во сообраќајна несреќа на грчкиот национален пат Солун-Серон денеска загинаа двајца родители, а две деца (12 и 10) се повредени.

dobivaj vesti na viber

Помладото момче се здобило со полесни повреди и е надвор од животна опасност, додека на постарото момче ќе му биде извршена операција.

Како што пишува грчкиот портал „Прототема“, во судир на возило со романски регистарски таблички и камион загинале две лица на возраст од 49 и 45 години. Брзата помош ги пренесе повредените момчиња во општата болница во Солун.

Според информациите на друг грчки портал „Тестивал“, постарото момче е тешко повредено и се наоѓа на детска хирургија во болница. Тој ќе биде опериран и хоспитализиран на детската интензивна нега во друга болница во Солун.

Неговиот помлад брат е надвор од животна опасност и се лекува на Клиниката за детска хирургија во Општата болница Папагеоргиу. Според веб-страницата, децата се свесни и комуницираат со околината.

Можете да прочитате

Земјите од Персиски Залив бараат одобрување од ОН со сила да ја ослободат Ормуска Теснина за пловидба

Иран одговори на заканите на Хегсет за враќање во камено доба

Орбан: Европа мора веднаш да ги укине санкциите врз руската енергија