Утрински Весник
Македонија

Тешка несреќа во Кисела Вода, на раскрсница: тројца повредени, еден задржан во болница

Тешка несреќа во Кисела Вода, на раскрсница: тројца повредени, еден задржан во болница

На 09.07.2023 околу 05.40 часот во Скопје, на бул.„Борис Трајковски“ пред крстосница со бул.„11 Октомври“ и ул.„Крушевска Република“, патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.П.(21) од Скопје, излетало од коловозот.

dobivaj vesti na viber

„Во несреќата возачот П.П. се здобил со телесни, а сопатничката А.Т.(18) со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, а со телесни повреди се здобиле и сопатниците Б.С.(21) и М.С.(19), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза““, велат од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Приведен косовски државјанин баран од Интерпол на ГП Богородица

Муцунски очекува инцидентот со Вјоса Османи мирно да се реши

Приведен крадец во Куманово – 24info.mk