Утрински Весник
Свет

Тешка несреќа со трамвај во Милано – загина најмалку едно лице

Tramvaj.jpg

Во тешка несреќа со трамвај загина најмалку едно лице а 39 се повредени во Милано. Несреќата се случила во 16:00 часот во северниот дел на Милано.

Трамвајот излетал од шините и удрил во зграда. Се верува дека загинатиот е пешак, додека повеќето повредени се патници од возилото. На местото на несреќата интервенирале бројни екипи на итна помош, а има и информации за лица заробени во остатоците од трамвајот. Цивилната заштита поставила шатори за да им обезбеди помош на повредените.


Очевидци опишуваат моменти на ужас: „Мислев дека е земјотрес. Седев и одеднаш паднав на подот, како и другите патници“, раскажа еден маж за агенцијата Анса. „Беше страшно.“

„Само слушнав ужасен тресок“, изјави 27-годишната Ана која се наоѓала во близина. „Видов дел од трамвајот како влегува во продавница.“

Причината за несреќата сè уште не е позната, но медиумите шпекулираат дека возилото можеби влегло со преголема брзина во остар свиок. На местото пристигнале и градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, и други градски службеници. објави Скопје1.мк

Можете да прочитате

Бебе преживеа пад од 33 метри висина

ММФ одобри нова програма за финансирање на Украина вредна 8,1 милијарда долари

Носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ пристигнува на брегот на Израел