Олимписката победничка Кети Маршант (31) е пренесена во болница по тешката несреќа на натпревар во Лондон.
За време на трката во Лигата на шампионите во Велодромот Ли Вали Велопарк, Маршант се судри со Германката Алеса-Катриона Пропстер и влета во толпата.
Инцидентот се случи на самиот почеток на последниот круг, а двајцата велосипедисти излетаа меѓу гледачите.
Оградата над која прелетаа чинеше околу 250 илјади фунти и требаше да биде големо подобрување во безбедноста на велосипедистите и гледачите. Но, тоа не помогна ниту кај оваа тешка несреќа.
Целата програма беше откажана по несреќата, а Маршант, Пропстер и четири лица од публиката мораа да добијат лекарска помош.
Олимпискиот шампион Маршант помина најлошо, пишува Јутарњи.