Утрински Весник
Балкан

Терористички напад во Грција еден загинат

Img 6473.webp.webp

Еден маж загина, а една млада жена е тешко повредена во експлозија што се случи во стан во областа Ампелокипи во Атина. Големата експлозија, која предизвикала значителна материјална штета на станбената зграда, ја шокираше локалната заедница и ја активирираше антитерористичката единица на грчката полиција.

Ангажманот на антитерористичката единица, според изјава на официјален претставник, се должи на сомневањата дека експлозијата е предизвикана од експлозивна направа. Полицијата и пожарникарите брзо реагирале на местото на настанот, евакуирајќи ја тешко повредената жена и пренесувајќи ја во болница. Според грчкиот медиум „Прототема,“ младата жена е веќе позната на полицијата, но засега не се откриваат повеќе детали.

Во текот на истрагата е пронајден пиштол со девет куршуми, кој е предаден на форензички лаборатории за да се утврди дали бил употребен во некое претходно кривично дело. Сè уште не се знае дали овој инцидент е поврзан со криминални активности или има поинаков мотив, но се очекува дека соработката на антитерористичките и форензичките служби ќе донесе повеќе информации во наредните денови.

Настанот предизвика загриженост кај локалното население, кое бара брзи одговори за тоа што ја предизвикало експлозијата и дали има потенцијални закани за нивната безбедност.

Можете да прочитате

Речиси две третини од понудувачите и 85 проценти од граѓаните во Србија веруваат дека има корупција во јавните набавки

Во невремето во Хрватска оштетени 40 основни и средни училишта, како и 24 градинки

На атинскиот аеродром запленети 43 килограми шверцувани хавански пури во вредност од 440.000 евра