Утрински Весник
Македонија

Терапија за пациентите на Онкологија до крајот на наредната недела, вети Таравари

Img 1864.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на денешната средба со претставници на Здружението Хема-онко изјави дека терапијата за пациентите на Клиниката за радиотерапија и онкологија ќе биде обезбедена до крајот на наредната недела.

„И од министерот, како и од директорот на ФЗО, Сашо Клековски, ни беше ветено дека терапија ќе има до крајот на наредната недела. Побаравме дел од терапијата да се стави на Позитивната листа за да се избегнуваат ваквите проблеми во иднина,“ изјавија претставници на Здружението Хема-онко за МИА.


Средбата со министерот била планирана пред актуелните случувања, но неизбежна тема биле недостигот на лекови на Клиниката. Пациенти алармираа дека од петокот немаат шест лекови од биолошката терапија и стравуваат дека може да недостигаат уште три други.

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија потврдија дека проблемот произлегува од административни процедури поврзани со буџетот за 2024 година.

Здружението бара итни мерки за трајно решавање на овие проблеми, со цел пациентите да не се соочуваат со прекини во терапијата.

Можете да прочитате

Полициски претреси на повеќе локации: Бујар Дардишта предмет на истрага

Советот на јавни обвинители ќе назначи ВД Јавен обвинител

Зајкова за новиот Кривичен законик: Се враќаме во времето на Маневски