Утрински Весник
Спорт

Тепачка во Детроит, четворица исклучени

Тепачка во Детроит, четворица исклучени
Dik 300x250 mk

НБА лигата е во шок по големиот инцидент што се случи на натпреварот помеѓу Детроит Пистонс и Орландо Меџик. Детроит победија со 121:101, а натпреварот го обележа тепачката која се случи во финишот на првото полувреме.

dobivaj vesti na viber

Се започна кога Мо Вагнер, градејќи ја топката да излезе надвор, го закачи Килијан Хејс кој заврши меѓу соиграчите од клупата.

Кога стана, играчот на Детроит го удри со тупаница Вагнер во задниот дел од главата. Кошаркарот на Орландо падна на паркетот, на момент остана без свест.

Во тој момент играчите од клупата на Орландо влетаа на теренот, настана мешаница, но без дополнителни инциденти.

Кога ситуацијата се смири судиите ги исклучија Вагнер и Хејс, а во соблекувалната го испратија и Хамидо Диало и тренерот на Детроит Двејн Кејси.

НБА лигата покрена истрага против Хејс, кој се соочува со жестока казна, бидејќи удри противнички играч во ситуација кога тој му беше свртен со грб.

 

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата