Утрински Весник
Спорт

Тепачка помеѓу српските навивачи и германската полиција во Минхен пред натпреварот меѓу Данска и Србија

Gfdg 1.jpg

Во центарот на Минхен денеска дошло до тепачка меѓу српските навивачи и германската полиција, неколку часа пред почетокот на натпреварот од 3. коло на Европското првенство меѓу Србија и Данска, кој започнува во 21 часот.

Конфликтот започнал кога германската полиција уапсила српски навивач, по што дошло до кратка пресметка меѓу двете страни.

Кон германските полицајци летале шишиња, а тие одговориле со бибер спреј, но на крајот сè брзо се смирило, а била избегната тепачка од поголеми размери.

Можете да прочитате

Скандал во женската лига: По два поништени гола, Љуботен се повлече од натпреварот

Победа за Мерцедес на отворањето на новата сезона во Формула 1

Рекордна победа на Словенката Превц во скијачки скокови