Утрински Весник
Спорт

Тен Хаг: Роналдо останува, Јунајтед заврши со преодниот рок

Тен Хаг: Роналдо останува, Јунајтед заврши со преодниот рок

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг потврди дека летниот бизнис на клубот завршува со пристигнувањето на Антони за 85.5 милиони фунти од Ајакс, додавајќи дека Кристијано Роналдо останува во клубот бидејќи му се потребни „квалитетни фудбалери“.

dobivaj vesti na viber

И покрај оваа изјава, агентот на Роналдо, Жорге Мендеш продолжува да бара клуб за 37-годишниот Португалец, кој послените два меча ги стартуваше на клупата.

„Јасно е дека останува и дека е во мојот план. Само кажав дека ни се потребни квалитетни фудбалери, за покривање на сите делови на играта, за постојаност и тоа е нашата цел. Во нападот најмногу ни требаше засилување, бидејќи со три меча во неделата потребна ни е сила. Овој тим ќе игра од септември најмалку до јануари. Ова е крај за овој преоден рок, но ако има добра шанса за засилување, како голем клуб мора да останеме внимателни“, вели Тен Хаг.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина