Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Тен Хаг: Мораме да бидеме конкретни во нападот

Тен Хаг: Мораме да бидеме конкретни во нападот
300x250 opst2

Манчестер jунајтед, по двата порази на стартот од сезоната, успеа да врзе три победи. Последнат во таа серија ја запишаа синоќа во Лестер (0:1). Менаџерот Ерик Тен Хаг задволен од победата, посебно ја истакна одбраната, која на последните три натпревари прими само еден гол.

dobivaj vesti na viber

„Драго ми е што ја сочувавме мрежата, бидејќи 11-те играчи на теренот и бранат и напаѓаат заедно. Покажавме дека можеме многу кога сме обединети“, рече Тен Хаг.

Како сегмент кој може да се подобри, тренерот на Јунајтед ја истакна транзицијата.

„Моравме да го постигнеме вториот гол. Имавме многу простор да ги решиме сите дилеми од контранапад, но не бевме решителни. Ќе работиме на тоа“, изјави Холанѓанецот.

Јунајтед се проби на петтото место на табелата со девт бода. Во наредното коло ќе го пречкеаат лидерот Арсенал.

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН