Утрински Весник
Спорт

Тен Хаг го брани Де Хеа: Се случува

Тен Хаг го брани Де Хеа: Се случува

Манчестер јунајтед загуби со 1:0 на гостувањето кај Вест Хем во 35. коло од Премиер лигата. Со вториот пораз во низа, избраниците на Ерик тен Хаг го компримитираа четвртото место во Премиер лигата. Петтопласираниот Ливерпул има само бод помалку со еден одигран натпревар повеќе.

dobivaj vesti na viber

Единствениот гол беше дело на Саид Бенрахма во 27. минута, по големата грешка на Давид де Хеа. Бенрахма шутираше прилично слабо од околу 20 метри, но голманот на Јунајтед реагираше катастрофално и дозволи топката да влезе во голот.

По натпреварот, Тен Хаг му даде поддршка на својот 32. годишен голман, чиј договор истекува на крајот од сезоната.

„Сакаме Давид де Хеа да остане во Манчестер јунајтед и сакаме да го продолжи договорот. Сакаме да биде со нас и следната сезона“, изјави Тен Хаг.

Можете да прочитате

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс

Прва победа за Антонели во Формула 1