Утрински Весник
Македонија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец, во неготинско, се вршела идентификација и обдукција бидејќи телото било непрепознатливо

Fb img 1764858837843.jpg

Безживотното телото на младиот Миле Тодоров (28) од Неготино, кој беше пријавен за исчезнат во јануари годинава, било пронајдено на 17 минатиот месец, но потребно било да се изврши идентификација и обдукција, поради непретпознатливост.

Како што неофицијално дознава ,,Фокус”, телото било пронајдено во неготинско, на место каде што немало често движење на луѓе. Исто така, првичните неофицијални информации не укажуваат дека смртта завршила како последица на кривично дело, но сепак проверките се уште траат.

Месеци наназад по него трагаше неговото семејство и полицијата.

Денеска пак неговата сестра на социјалната мрежа Фејсбук објави дека нејзиниот брат е пронајден починат.

„ЛЕТАЈ СО АНГЕЛИТЕ, МИЛО НАШЕ. Нашите срца ќе останат празни без твојот глас, љубов, добрина, насмевка… Болната е голема, но спомените за тебе ќе останат вечни во нашите срца. Почивај во мир и спокој“ напиша таа.

Погребот на Миле Тодоров ќе се одржи утре на градските гробишта во Неготино.

Можете да прочитате

Собранието вечерва во портокалово – 16 дена активизам против родово базирано насилство

Објектите на приклучок на парно ќе мора да имаат инсталација за греење

Израел ќе учествува на Евровизија 2026