Утрински Весник
Македонија

Телма открива за колку убиства се сомничи серискиот убиец од кумановско 

Policija.webp.webp

Росанка Трајковска живее со нејзиниот син Јовица во селото Челопек. Сега е поспокојна, бидејќи сериски убиец од кој успеала да куртули 86-годишната жена е во притвор. Сепак, сè уште е вознемирена, а модринките на нејзините раце сведочат за борбата за живот, иако две недели се поминати откако убиецот влегол во нејзиниот дом.

Само среќа ја спасила Росанка од сигурна смрт, вели нејзиниот син кој раскажува дека на 9 февруари кога се случил настанот, бил на работа. Насилникот се исплашил од ненадеен тропот, па побегнал и ја оставил старицата во крв.

Истражителите тврдат дека го откриле напаѓачот на Росанка, по смртта на друга повозрасна жена од селото Старо Нагоричене.

Жртвата живеела во куќата која се наоѓа на патот кој минува низ селото. На 12 овој месец била пронајдена 78-годишната Мира С.. Била тепана и задушена со перница. Живеела сама, пензионерка од Австрија, а првично има и сомнежи дека била и ограбена. По ова полицијата уапси 25-годишник од соседното село Драгоманце, но после неговиот распит се посомнева дека тој е сторител на повеќе убиства.

Според информации на Телма од истрагата, засега се преиспитуваат пет случаи, три од оваа година и два од лани. Сите жртви биле најдени сами дома мртви, но полуголи, ама никогаш не била барана обдукција за нив, бидејќи не се утврдиле траги на насилство.

Истите извори за Телма тврдат дека можно е да има и повеќе жртви и пред овој период кој сега се истражува.

Можете да прочитате

Хоџа: Одложен процесот за избор на директор на АЕК

Утре е Прочка – ден за прошка и семејна хармонија

„Нашето трпение е при крај“ – таткото на Надица Наунова со жесток напад кон судството за случајот „Пулс“