Утрински Весник
Македонија

Телевизија Сонце престанува со работа

Tvsonce.jpg

Телевизијата Сонце на први декември престанува со работа и со емитување на својата програма во македонскиот етер.

Телевизијата која почна со работа во 2008 година и која се емитуваше преку кабелските оператори, повеќе нема да постои како терестијална телевизија, а не се знае дали ќе продолжи да функционира во поинаков формат.

Причините за затворањето на телевизијата која е во сопственост на Ѓорѓија Атанасовски кој е со потекло од Прилеп а кој со децении живее во САД засега се непознати.

„Во средата (26.11.2025) година, менаџментот не информаше дека Телевизија Сонце ќе се затвора, односно ќе се отвора стечајна постапка. Веќе подолг период се предосеќаше и имаше некои најави дека до ова ќе дојде, но никој од нас не очекуваше да се случи преку ноќ. Сигурно причините ги знае сопственикот за оваа одлука, но јас сакам само да нотирам, дека Телевизија Сонце беше последната активна компанија на Ѓорѓија Атанасоски која работеше во Македонија. Е, сега дали му ја затворија или тој самиот ја затвори, останува да виси во воздух одговорот на ова прашање, бидејќи во неколку наврати зборуваше дека Телевизија Сонце му е ногово хоби и дека додека тој е жив, телевизијата ќе работи“ изјави за 24инфо.мк главниот и одговорен уредник на Телевизијата, Игор Мицкоски.

Мицкоски изнесе и свои гледишта околу мотивите за затворањето, како и состојбите на македонскиот телевизиски пазар.

„Претпоставувам дека една од причините е незадоволството од политиката која се води за целосно обезличување на Македонската нација. Тој се сомнева дека сето ова се прави далеку од очите на јавноста, зад затворени врати. Воедно, како втора причина може да се спомене и преголемата обврска за плаќање на годишна концесија кон АВМУ, оваа година можеби и 60.000 евра, за емитување на сигнал на национално ниво (највисока давачка во европски рамки). Воедно и обврската за минимален број вработени кој единствено во Македонија се утврдува со правилник кој го руши законот за трговски друштва, под кои се формирани радијата и телевизиите во Македонија. Неофицијално има информации за продолжување на активноста на Атанасоски преку друг правен субјект, односно можеби интернет телевизија, но засега нема официјална потврда на овие информации од страна на Атанасоски, иако постои позитивна мисла“ истакна Мицкоски.

Можете да прочитате

Битиќи: За 30% поскапе и возачката дозвола, трошоците за живот го притискаат семејниот буџет на граѓаните

Мицкоски: Како Влада правиме нешто коешто до сега никој не го направил за младите во Македонија

ЦУК: Свлечиште во тетовска Шипковица, активиран Кризниот штаб