Утрински Весник
Свет

Телеграф: Стармер и Макрон ќе се обидат да го убедат Бајден да дозволи напади врз Русија

20241111103030 Big 730x400 30.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На денешната средба во Париз помеѓу претседателот на Франција, Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер ќе се разговара за можноста да го убедат претседателот во заминување на САД, Џо Бајден да и дозволи на Украина да лансира ракети „Сторм шедоу“ (Storm shadow) врз Русија, објави британскиот весник Телеграф.

Неименувани извори од британската Влада за Телеграф изјавија дека се надеваат оти Бајден конечно ќе даде одобрение, кое Киев го бара со месеци.

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп за време на кампањата ветуваше завршување на војната во Украина во рок од 24 часа по преземањето на функцијата.

Белата куќа на 7 ноември соопшти дека ќе продолжи да ја зголемува хуманитарната и воената помош за Украина, користејќи ги средствата што веќе ги одобри Конгресот.

Бајден ќе побара од Трамп да не ја запира помошта за Украина. Се очекува Стармер и Макрон да разговараат за влијанието на Трамп врз ситуацијата на Блиски Исток.

Стармер ќе биде првиот британски лидер кој ќе присуствува на церемонијата на одбележување на Денот на примирје. 

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп