Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Телефонски разговор Османи – Ескобар

Телефонски разговор Османи – Ескобар
300x250 opst2

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари телефонски разговор со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар и специјален претставник на САД за Западен Балкан.

dobivaj vesti na viber

На разговорот беше направен осврт кон соработката меѓу двете земји во рамките на Стратешкиот дијалог. Османи реферираше за новиот акциски план кој е во финална фаза на усвојување во Владата, со што проектите и областите договорени во рамките на Стратешкиот дијалог ќе станат дел од Владината програма за работа.

На средбата беа отворени темите за регионалните актуелности, состојбата на Северот од Косово, како значајно прашање со поширок импакт во регионот. Соговорниците ја реафирмираа поддршката за продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија, повикувајќи на активности за деескалација на состојбата, повлекување на барикадите и обезбедување непречени услови за владеењето на правото.

Тема на средбата беа и актуелните политички состојби во земјава, со фокус на европското досие и преземените обврски за непречено продолжување на процесот на преговори преку исполнување на обврската за Уставни измени во земјава.

Соговорниците разменија мислење и за приоритетите и амбициите на Северна Македонија при од претстојното претседавање со ОБСЕ за што беше реафирмирана поддршката од САД за успешно претседавање на земјава.

Можете да прочитате

Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi ќе ја промени државата од корен

Приведен агресивен охриѓанец: Го затекнале во поранешната касарна, нападнал полицајци при легитимирање

Кичевчанец возел со 2,11 промили алкохол во крвта