Утрински Весник
Македонија

Телефонски разговор Муцунски – Бин Зајед: Силна поддршка, осуда на нападите и повик за деескалација

Image 2026 03 01 at 16.15.58.02.jpeg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.

Во разговорот, министерот Муцунски изрази цврста солидарност и целосна поддршка кон Обединетите Арапски Емирати, упатувајќи најдлабоко сочувство за жртвите од нападите.


Тој остро ги осуди нападите извршени од Иран врз Обединетите Арапски Емирати, оценувајќи ги како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет.

Министерот Муцунски нагласи дека во услови на зголемени регионални тензии, неопходни се воздржаност, одговорност и дипломатски ангажман, со цел спречување понатамошна ескалација и зачувување на стабилноста и мирот во регионот.

Можете да прочитате

„Стави појас” – превентивна активност на СВР Тетово

Левица одбележа 10 години постоење

Почина Горан Крстев, поранешен градоначалник на Чешиново – Облешево