Утрински Весник
Свет

Тексашанец осуден на 70 години затвор за плукање полицајци

Тексашанец осуден на 70 години затвор за плукање полицајци

Тексашанец бил осуден на 70 години затвор во средата откога бил прогласен за виновен за малтретирање јавен службеник затоа што плукал врз полицајците во Лабок, пренесува „Хил“.

dobivaj vesti na viber

Лери Пирсон (36) бил уапсен во мај 2022 година за семејно насилство откога неговата жртва повикала полиција во североисточниот дел на Лабок, вели обвинителката Џесика Горман.

Жртвата ѝ кажала на полицијата дека Пирсон ја удрил неколкупати и дека имал пиштол. Во полицискиот извештај е наведено дека жртвата имала „повеќе видливи повреди“ на лицето.

Горман подоцна објасни дека огненото оружје во суштина било пиштол „ерсофт“ и дека кога Пирсон бил приведен, бил вознемирен што жртвата не била уапсена наместо него.

Тој почнал да клоца по вратите од полицискиот автомобил, па кога полицајците ја отвориле вратата за да му кажат да престане, Горман ги плукнал, а продолжил да ги плука и кога пристигнале во обласниот притворски центар во Лабок.

Во завршното обраќање до судот пред изрекувањето на казната на Пирсон, обвинителката Горман побарала од поротата да размислат за должина на затворската казна што ќе му испрати порака не само на Пирсон туку и на целото општество.

Таа истакнала дека Пирсон претходно бил осуден за тешка кражба со огнено оружје и во повеќе наврати за семејно насилство, па минималната казна што би ја добил била 25 години.

„Човек не добива казна од 70 години за вакво нешто ако претходно не предизвикувал проблеми. Ако сакаш да живееш како криминалец, тогаш ќе го поминеш животот меѓу криминалци“, истакна таа.

Можете да прочитате

Мал авион се урна на аеродромот во Лондон Саутенд, бројот на патници е непознат

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина