Утрински Весник
Македонија

Технополитичкиот судир – Втор дел: Маск, Трамп и иднината на Америка (2025–2030)

Kekenovski.jpg

Пишува: проф д-р Јове Кекеновски

Фаза 1: Ескалација и новата парадигма (2025–2027)
Аналитичко-футуристички осврт на пост-Трампистичката Америка


Како наближува 04 јули, Денот на независноста на САД, кога се слави слободата и единството, во моите размисли се отвора сериозна дилема: дали тековниот судир меѓу Илон Маск и Доналд Трамп веќе ги доведе САД на крстопат или само ќе ја најави ескалацијата на длабоките политички и технолошки поделби?

Во една од моите претходни колумни јасно го изнесов своето размислување дека овој конфликт може да биде пресвртница што ќе ја одреди иднината на американската демократија, во смисла дали таа ќе остане во рамките на традиционалните институции или ќе се трансформира низ новата дигитална парадигма што ја носат технолибертаријанците.
Во контекст на тековните случувања на американската политичка сцена, каде што Илон Маск повторно јавно го нападна т.н. „Big Beautiful Bill“ на Трамп, слободно можам да заклучам дека Фазата 1 од мојата првична аналитичко-футуристичка прогноза веќе е започната и, на мое огромно задоволство, во целост се поклопува со првичните предвидувања.
Неколкуте недели по објавувањето на анализата само ја потврдија тезата дека не станува збор за изолиран конфликт, туку за симптом на длабока трансформација на американскиот политички пејзаж. Доколку почетните несогласувања беа увертира за потенцијален судир, повторените и интензивирани критики од Маск се вовед во отворена, хибридна и поларизирачка битка меѓу двајцата титани.

Маск vs. „Big Beautiful Bill“: Почеток на нова офанзи

Откако Маск го нарече новиот буџетски предлог „одвратна абоминација“, неговата платформа X, која одамна престана да биде само спцијален медиум, се претвори во политичка арена, преполна со поддршка, отпор и алгоритамска мобилизација. Маск не само што го ангажираше својот дигитален капитал, туку се повеќе позиционира како водач на ново неконвенционално пара-партиско движење.

Истовремено, се погласно се навестува негово разрешување од неформалното тело наречено Министерство за владина ефикасност (DOGE), со што се потврдува очекуваниот пресврт: Маск од институционален реформатор на системот до технополитички дисидент надвор од системот.

.
NAP – „New American Paradigm“: Техновизија како политички проект

На хоризонтот се појавува нешто многу поголемо од личноста Илон Маск. Се работи за NAP (New American Paradigm), нова структура која има потенцијал радикално да ја преобликува демократијата преку технологија. Оваа парадигма не признава изборни циклуси, конгреси или класични партии, туку функционира преку: децентрализирани дигитални хабови, алгоритамско гласање преку блокчејн, комуникација независна од традиционалните медиуми (преку Starlink и X), како и crowdsourced одлуки кои ќе се донесуваат со онлајн колективно учество, каде што граѓаните директно предлагаат, коментираат и гласаат.

Според мое длабоко убедување, NAP е првата сериозна алтернатива на претставничката демократија. Не станува збор за анархија или пак за употпија, туку за нов архитектонски модел на учество. потполно автономен, динамичен и дигитален.

Десницата во раскол: Популистички национализам vs. Технолибертаријанство

Републиканската партија, историски предводник на конзервативната мисла, е сѐ повеќе во внатрешна шизофренија. Од една страна, Трамп ја мобилизира традиционалната база со пораки за патриотизам и економски протекционизам. Од друга страна, Маск ги мобилизира дигиталните класи како на пример: крипто-ентузијастите, стартап елитите, младите иноватори и програмери.

Местото на класичниот политички конфликт „лево–десно“ ќе го заземе нов фронт: централизирана држава против дигитална платформа.

2026–2027: Години на дигитално престројување

Очекувано, уште наредната година, ако не и порано, моѓеби до крајов на годинава Маск ќе започне со официјализирање на NAP како функционална мрежа со институции и структури за политичка едукација, системи за блокчејн-учество и финансиски фондови за дигитална демократија. Социјалната мрежа X ќе стане политички медиумски центар, ривал не само на Fox News туку и на останатите традиционални медиумски гиганти.

Во исто време, од Трамповата администрација се очекуваат законодавни противудари: евентуално нов Закон за дигитална безбедност, ограничување на Starlink преку FCC (Федералната комисија за комуникации – телото што регулира радиофреквенции, интернет и сателитски комуникации) и најверојатно антимонополски истраги против Tesla, X, Neuralink и други.

Дигитална Америка: Од утопија до политичка реалност

NAP за многу кратко време нема да биде само техновизија или футуристички концепт туку реална, операционализирана паралелна демократија. Ќе бидеме сведоци на понуди за гласање на предлози преку криптографски токени, краудфандинг закони (финансирање на легислативни предлози од јавноста), дури и формирање на сопствени платформи за управување со локални иницијативи. Америка ќе почне да наликува на двоцентрична држава (ако можам така да се изјаснам), со официјални институции од една страна и дигитални платформи од друга и двете во натпревар за легитимитет.
Технополитичкиот судир помеѓу Маск и Трамп е само вовед во поголемата трансформација на демократијата и политиката како таква. Америка во блиска иднина нема да биде управувана само од претседатели, туку и од алгоритми, децентрализирани заедници и дигитални протоколи.

Државата, во својата сегашна форма, тешко може да биде инструмент на радикална реформска промена ако самата е дел од проблемот, особено ако е конзервативна, централизирана и споро прилагодлива на брзите и екстремни технолошки иновации. Демократијата, во својот традиционален облик, очигледно не го следи темпото на технолошкиот развој. Ако државата како централизирана, често инертна институција не може или не сака да се трансформира, дигиталните платформи неминовно ќе ја преземат функцијата на двигатели на промената. Во тој контекст, изборот повеќе не ѝ припаѓа (само) на државата туку на оние што го диктираат темпото на новата технолошка парадигма.

Се повеќе станувам убеден дека вистинската борба во следната деценија ќе биде на релација представнички централизам против технолошка децентрализација.

Можете да прочитате

Онкологија: Сите пациенти ја добиваат потребната терапија

Давкова од Севиља: Потребно е фер финансирање за да се справиме со глобалните предизвици

Муцунски ја пречека еврокомесарката Кос: ЕУ интеграцијата – врвен приоритет