Утрински Весник
Македонија

Тече рокот за евидентирање на службените возила во Регистарот на ДКСК пред локалните избори

Dksk.jpg

До денеска напладне во Регистарот на возила на државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија или други правни лица што располагаaт со државен капитал во Државната комисија за спречување на корупцијата се евидентирани повеќе од 380 возила, согласно одлуката за пријавување на службените возила пред локалните избори закажани за 19 октомври.

Државни органи, органи на локалната самоуправа, јавните претпријатија или други правни лица што располагаaт со државен капитал имаат рок од десет дена од распишувањето на изборите до ДКСК да ги достават податоците за возилата со кои располагаат. ДКСК регистарот го објавува на својата веб страна.


Согласно Роковникот на Државната изборна комисија (ДИК) рокот истекува на 18 август 2025 година.

Доколку правните лица не достават подтоци за бројот, видот, регистарската таблица и возната состојба на моторните возила со кои располагаат во предвидениот рок, ДКСК покренува прекршочна постапка во рок од 15 дена од истекот на рокот за доставување на податоците.

Регистрацијата на возилата на институциите се врши со цел тие да не се користат од страна на функционерите и други именувани и избрани лица за потребите на изборните кампањи.

Владата, пак, донесе одлука сите службени возила да добијат специјални таблички во боја, црвени, најдоцна до 15 септември 2025 година, со цел поголема транспарентност и спречување злоупотреби. Предвидено е исто така да се воведе специјален регистар на државните автомобили, кој ќе овозможи прецизна евиденција за местоположбата и користењето на секое службено возило.

Можете да прочитате

Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен, благодарност до пожарникарите

Од 2026 година нова методологија за финансирање на основното и средното образование, фокусот на квалитет и инклузивност

Јаневска: МОН не може и не треба да ги превземе надлежностите на Општина Струга