Утрински Весник
Спорт

Тебас за шансите Меси да се врати: Тоа е како подземна железница

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, проговори за шансите Лионел Меси да се врати во шпанското првенство. Тебас ја предупреди Барселона дека тоа нема да биде лесна операција и откри што мора да се случи за Аргентинецот да се врати во Барса. Меси е под договор со ПСЖ до крајот на тековната сезона.

„Мене моментално таа работа ми изгледа многу комплицирана. Има уште време, но ќе мора да има откази на играчи и кратење на платите за да биде пријавен Меси. А тука е и информацијата која за нас сега е напозната, односно колкава ќе биде неговата плата. Има многу варијабли“, рече Тебас и продолжи:

„Барселона не е како Пари Сен Жермен, кој поради своето богатство може да си ги дозволи високите плати на своите играчи. За да донесе играчи, платите на оние кои веќе се таму мора да се намалат. Тоа ви е како метро, мора да ги пуштиш луѓето да излезат за да можеш да влезеш“.

Можете да прочитате

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Наполи поразен во Удине – 24info.mk

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот