Утрински Весник
Магазин

Теа Таировиќ најави спектакл во Скопје со македонски гости – Откри и со која македонска пејачка сака да сними дует

Screenshot 20251029 200227 gallery.jpg
Dik 300x250 mk

Српската сензација Теа Таировиќ и оваа година како и лани во ноември ќе одржи концерт во арената Борис Трајковски во Скопје. Концертот е закажан за 15 ноември со почеток од 21 часот, а според она што таа го најави на денешната прес-конференција се очекува визуелен и пејачки спекталк.

Таировиќ е позната по одличниот сценски настап, па рече дека периодов токму за тоа се подготвувала, односно кондиционо се подготвувала за многу танц и пеење. Исто така во подготовка е и нејзиниот нов албум кој полека го најавува на социјалните мрежи, па откри дека барем една песна од новиот албум кој е во најава ќе биде испејана токму кај нас, во Скопје.


Таа откри и дека ќе има гости од Македонија на овдешниот концерт, а исто така дека ќе испее и некоја наша македонска песна како “Македонско девојче” за која вели ја пее и на многу други нејзини концерти и настапи, надвор од државава.

На прашање од новинарите дали би сакала да направи и дуетака песна со некој наш музичар, таа одговори дека би била воодиевена тоа да се случи и притоа откри дека желба и е истиот да биде со нашата поп дива Калиопи.

Концертот е во организација на Прагма продукција, а како што изјавија од таму останати се само уште многу мал број на билети, затоа побрзајте доколку сакате да бидете дел од овој специјален концерт.

Билети можете да купите онлајн на Купи карта со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Славски колач за Света Петка – црковен рецепт стар со векови

Кога треба да ставиме зимски гуми

Некој ќе се збогати: Финансиски хороскоп за ноември