Погребот на 17-годишниот Нахел М, чија смрт предизвика насилни протести во Франција, ќе се одржи денеска, а семејството на младиот човек ги замоли медиумите и јавноста да не присуствуваат на службата.
Наел живеел со својата мајка во Нантер, место кое некогаш било најголем центар за алжирските имигранти. Никогаш не го запознал својот татко. Работел како доставувач додека играл рагби. Се запишал во гимназија за да стане електротехничар, но, како што пишуваат медиумите, не посетувал често настава, поради што бил вклучен во работата на невладината организација „Овал ситојан“ која се занимавала со интеграцијата во општеството на тинејџери кои имале проблеми на училиште.
Lyon: pic.twitter.com/KOE346YBu8
— Richard Medhurst (@richimedhurst) June 29, 2023
Поради неговото потекло, тој често бил подложен на полициски проверки. Требаше да се појави пред судот за малолетници во септември под обвинение дека „не соработувал со властите“.
Полицијата во 2021 година неколку пати го запирала во автомобилот што го користел како доставувач.
Тој беше обвинет и за злоупотреба на привремена возачка дозвола, бидејќи во Франција е дозволено да се вози само без придружба на 18 години.
Минатиот вторник Нахел тргнал на последното возење, кога бил застрелан од полицаец додека бил во автомобил со уште две лица.
Обвинителот на Нантер објави дека врз основа на доказите од истрагата што ја водел, употребата на оружје од страна на полицаецот „не е оправдана“ и дека против него ќе биде поднесена кривична пријава за убиство од небрежност, јавуваат француските медиуми.
Тој најави и дека токсиколошката истрага не покажала дека 17-годишниот возач бил под дејство на алкохол или дрога, ниту пак неговиот сопатник, додека се трага по третото лице кое било во автомобилот и побегнало.
Мајката на Нахел раскажа за последниот ден од неговиот живот, сеќавајќи се дека тој и дал „голем бакнеж“ пред да замине на работа и рекол: „Те сакам мамо“.
Зборувајќи за 38-годишниот полицаец обвинет за убиството на нејзиниот син, мајката на Наел рече: „Не мораше да го убие мојот син, имаше други начини да се справи со него“.
Според последниот извештај на француското МВР, билансот од четвртата ноќ на немири низ Франција е 994 апсења, повредени се 79 полицајци, а нападнати се 31 полициска станица и 11 касарни на жандармеријата.
Како што јави БФМ ТВ, опожарени се 1.350 возила и 234 згради.
Управниот суд потврди дека во петокот е воведен полициски час во „жешкото“ париско предградие Кламар, како и дека постои можност слични мерки да се воведат и во други општини.
Полициското убиство на 17-годишникот, кој беше идентификуван само како Нахел, предизвика бран незадоволство и протести кои се претворија во судири со полицијата ширум Франција.