Утрински Весник
Магазин

Тејлор Свифт казнета 3.000 долари поради отпадот пред својот дом

Тејлор Свифт казнета 3.000 долари поради отпадот пред својот дом

Една од најголемите поп-ѕвезди на денешницата, Тејлор Свифт добила казни во вкупен износ од 3.010 долари поради отпад оставен пред нејзината куќа во Њујорк.

dobivaj vesti na viber

Во 2017 година, Свифт купи прекрасна куќа на улицата „Френклин“ во Трибека за 18 милиони долари. Откако ја префрли својата база во Њујорк, пејачката добила 32 парични казни затоа што не го одржувала чист просторот пред својата куќа, пренесуваат американски медиуми.

Казните, до кои дојде „Њујорк пост“, се добиени во периодот од јануари 2018 до јануари 2023 година. Откако неколку пешаци се пожалиле дека им смета ѓубрето на „Френклин“ бр.153, инспектори застанале пред нејзината куќа и не биле задоволни од валканиот тротоар и несоодветното фрлање ѓубре. Тротоарот, наводно, бил полн со весници, шишиња, картони и салфетки, а имало и неколку догорчиња од цигари.

Пејачката ги обжали казните, а од вкупната сума одземени се само 200 долари. Но, нејзинитете соседи не се задоволни од тоа како Тејлор го одржува тротоарот пред куќата. „Таа не се грижи за ѓубрето. Таа е повеќе фокусирана на милионската турнеја која нејзините фанови ги доведува до банкрот,“ вели една девојка која шета кучиња на таа улица.

Сепак, има и некој што застана во нејзина одбрана.

Дејвид Алдеа, нејзиниот поранешен станодавец, искажа пофални зборови: „Таа беше совршена станарка цело време. Имам само позитивни работи да кажам за неа.“

Некои ги обвинуваат фановите кои чекаат пред нејзиниот дом за да ја видат дека тие всушност оставаат ѓубре.

Oва не е единствениот недвижен имот што таа го поседува. Има уште неколку станови и куќи во Њујорк, Беверли Хилс, Род Ајленд и Нешвил.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста