Пејачката Тејлор Свифт ги распродава концертите ширум светот во рамки на нејзината турнеја „Ерас“, а сега ја посети и Португалија.
Таа настапи на „Стадионот на светлината“, а потоа со еден гест ги воодушеви сите присутни.
Имено, на едно лице од публиката му се слошило, а Тејлор повика некого да помогне на португалски.
„Помогнете, ве молам“, рече пејачката, а потоа продолжи да пее.