Тејлор Свифт освои четири статуетки на овогодинешните Европски музички награди на Ем-ти-ви (MTV EMA’s), вклучувајќи ја и таа за најдобро видео за 10-минутната песна All Too Well.
Во спотот за овој хит, Свифт црпи инспирација од Холивуд од 70-тите и раскажува приказна за романтична врска која се распаѓа, оставајќи зад себе само тага и спомени.
Двојни добитници на награди беа Ники Минаж во категориите Најдобра песна и Најдобар хип-хоп, а францускиот диџеј и продуцент Дејвид Гета во категориите Најдобра електроника и Најдобра соработка.
Британската поп ѕвезда Хари Стајлс освои награда во категоријата Најдобра изведба, а Тајланѓанката Лалиса Лиза Манобан за најдобар К-поп. Јужнокорејскиот бенд „БТС“, глобална К-поп сензација, победи во категоријата Најголеми фанови.
Годинешните победници на Евросонг, украинскиот бенд „Калуш оркестра“, на церемонијата ја изведоа песната „Стефанија“ во арена осветлена со сино-жолтите украински национални бои. Фронтменот на бендот,, Олех Псиук, пред шоуто изјави дека се надева дека следната година ќе бидат присутни повеќе украински бендови.
Водители на шоуто беа Рита Ора и филмскиот режисер Таика Ваитити, кои се венчаа оваа година.