Утрински Весник
Македонија

ТДП ја потврди победата во Центар Џупа

Img 6286.jpeg

Аријан Ибраим, кој беше единствен кандидат на денешните реизбори, е повторно избран за градоначалник на општина Центар Џупа.

Од вкупно 1.003 регистрирани гласачи, 973 ја дадоа својата поддршка за Ибраим, додека 30 гласа беа прогласени за неважечки.

На постизборните прослави присуствуваше и претседателот на ТДП, Зулфикар Зејнулах, кој истакна дека вечерва е заокружена победата остварена пред три месеци во Центар Џупа, кое го нарече упориште на партијата. Тој им се заблагодари на граѓаните и изрази желба оваа победа да донесе напредок за општината.

Во своето обраќање, Аријан Ибраим им се заблагодари на граѓаните кои му ја дадоа довербата по четврти пат, а порака упати и до оние кои не излегоа на гласање, повикувајќи на заедништво и работа во интерес на сите жители на Центар Џупа.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта

Камерите го снимија моментот на кршењето на стаклото на Бугарската амбасада во Скопје

ТДП ја потврди победата во Центар Жупа