Утрински Весник
Свет

Таткото на Коста штотуку дознал колкав е степенот на катастрофата во училиштето: „Оружјето се чувало согласно законот“

Ученикот кој направи масакар во српското училиште и порано бил пријавуван за насилство

Адвокат Ирина Боровиќ, бранител на В.К., чиј син е К.К. (13) кој во основното училиште Владислав Рибникар уби девет и рани седум лица, изјави дека оружјето и муницијата на осомничениот биле обезбедени со закон.

dobivaj vesti na viber

Таа додала дека муницијата и оружјето што му биле пронајдени ги чувал согласно прописите, како и дека има соодветни дозволи за целото оружје и дека бил член на Спортскиот сојуз.

„Сè беше во целосно легално поседување, обезбедено, заклучено, под шифри, дури и дополнително обезбедено во однос на она што го пропишува законот“, рече Боровиќ.

Најпрво, Боровиќ во името на семејството на В.К и неговиот син изрази сочувство до семејствата на убиените и побара од медиумите да бидат повнимателни кон известувањето на семејствата на убиените и осомничените.

Според Боровиќ, за целосниот обем за тоа колкав е степенот на катастрофата  во училиштето дури сега дознал таткото В.К. Обвинителството го сомничи В.К. за  тешко кривично дело против општата сигурност. К.К.(13) не може кривично да одговара за убиствата што ги извршил бидејќи не наполнил 14 години.

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија