На 12 ноември 2021 година, судија од Лос Анџелес стави крај на старателството што го контролираше животот на поп-ѕвездата Бритни Спирс (41) цели 13 години.
„Денес е прекината заштитата на лицето и имотот на Бритни Џин Спирс“, изјави судијката Бренда Пени по сослушувањето.
Таа додаде дека сегашниот старател ќе продолжи да работи на решавање на тековните финансиски прашања во случајот. Имено, нејзиниот татко цели 13 години владеел со целиот нејзин имот и со сите одлуки поврзани со кариерата, а пејачката едвај ја дочекала својата слобода. После тоа почна многу почесто и послободно да објавува на своите профили на социјалните мрежи.
Нејзиниот татко Џејми Спирс досега не зборуваше јавно за ова, само повремено ја нарекуваше кампањата #FreeBritney „шега“ што ја „водеа теоретичари на заговор“. Но и тоа се смени. Тој реши да ги објасни своите постапки и тврди дека неговото управување со животот на Бритни е единствената причина зошто неговата ќерка денес е жива.
Дополнително, тој рече дека поради ова одржувала кревка врска со синовите Престон (17) и 16-годишниот Џејден, кој го има со поранешниот сопруг, Кевин Федерлајн.
Тој рече дека не жали за своите одлуки, дури и ако тоа му го уништи односот со неговата ќерка.
– Нема сите да се согласат со мене. Тоа беше тешко време. Но, ја сакам ќерка ми со целото мое срце и душа. Каде би била сега Бритни без тој надзор? Не можам со сигурност да кажам дека би била жива. За нејзината заштита, но и за заштита на децата, конзерваторството беше одлична алатка. Без тоа, мислам дека таа немаше да може да ги врати децата – изјави тој за „Дејли Мејл“.
Џејми сега живее со својата втора ќерка Џејми Лин во руралните средини на Луизијана и има големи здравствени проблеми.
– Многу ми недостигаат моите внуци – рече тој, со оглед на тоа дека после се, веќе не е во контакт со нив.
Во 2007 година, Спирс имаше јавен дефект по разводот со Федерлајн и ја избричи косата, удри со чадор во автомобилот на фотографот и беше испратена во болница поради злоупотреба на супстанции.
Во средината на овие вознемирувачки околности, беа основани конзерваторство и привремен старател – кој стана постојан подоцна истата година. На Федерлајн првично му беше дадено целосно старателството над децата, но судовите им дозволија на Џејми и Кевин да сфатат како мајката може да биде вклучена во нивните животи. Поради ова, на Бритни и беше доделено 50 отсто физичко, иако не легално, старателство. Иако Бритни тоа време го опишува како „затвор“, Џејми вели дека имале убави моменти, како семејни празници каде децата уживале со својата мајка.
– Можевме да ги однесеме децата во Европа. Не им недостасуваше време со мајка им. Не пропуштија време со татко им. Малкумина го знаеја тоа – рече тој.
Џејми или Кевин секогаш беа присутни кога Бритни поминуваше време со своите деца, но тие беа единствените кои носеа одлуки поврзани со нив. Судските аранжмани и помогнаа на Бритни повторно да почне да заработува – вели Џејми.
– Таа беше скршена. Таа воопшто немаше пари. Конзерваторството ги одредило ресурсите на кои таа може да се врати финансиски. И, знаете, ние работевме – и таа работеше – и добро се снајде финансиски. Моето разбирање за конзерваторството е да му помогнам на некој да си го врати животот и да се врати во општеството, за да може да живее нормално – рече тој.
– Сè што можам да кажам е дека повеќето луѓе немаат поим која е вистината. Медиумите не ја знаеја вистината. Тие ги слушнаа обвинувањата од Бритни. Не ми пречи тоа што се пишува во весниците бидејќи знам дека не е вистина. Но, ниту еден момент не сакав да одговорам на ниту едно од обвинувањата затоа што мислам дека крајниот резултат би бил уште полоша состојба за мојата ќерка – рече Џејми Спирс.
Сега повторно е во контакт со Кевин, но не и со неговата ќерка.