Утрински Весник
Македонија

Татко се обидел да го прикрие синот откако смртоносно прегазил жена на улица во Прилеп и побегнал

Обвинение за возачот од Велес кој прегази и усмрти 11-годишно девојче на пешачки премин

Понедена е кривична пријава против 26-годишник од селото Славеј, прилепско, кој со автомобил удрил во жена која управувала велосипед, по што побегнал од местото.

dobivaj vesti na viber

Жената починала, а потоа таткото на младото момче во полицијата кажал дека тој возел, но се испоставило дека зад воланот бил неговиот син.

Полицијата поднела кривична пријава против 26-годишникот со иницијали Д.П. поради тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

„На 09.06.2023 околу 19.45 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, пријавениот со патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп и го напуштил местото, а од здобиените повреди А.Ц. починала на местото. Подоцна, во полициска станица неговиот татко Р.П.(54) пријавил дека го управувал возилото, но по преземени мерки било утврдено дека Д.П. го управувал возилото. Тој бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото“, велат од МВР.

 

Можете да прочитате

ДУИ обвинува за дискриминација на Албанците во Царинската управа

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, Виница и Струмица

Македонија зборува со музика, душа и почит – Симон Трпчески со „Македонисимо“ одржа концерт во Рим